Без шминка изгледа уште подобро: Бресквица покажа какви производи за шминкање користи (ВИДЕО)
На почетокот на видеото покажа како изгледа кога нема ништо на лицето...
Бресквица на настапите секогаш има шминка и изгледа како да ја шминкал некој професионалец, а на крајот излезе дека цело време за настапите се шминка сама. Дури сними и видео во кое им покажа на следбенциите како го прави тоа и кои производи ги користи.
Бресквица многу ретко споделува содржини на социјалните мрежи, а ако го погледнеш нејзиниот Инстаграм профил, ќе видиш дека сите нејзини објави се официјални и поврзани за нејзината музичка кариера. Затоа секогаш се изненадуваме кога ќе објави нешто од својот приватен живот, како на пример своите рутини за шминкање. Ако те интересираше што користи Бресквица за да изгледа онака како што сме навикнати да ја гледа, сега можеш да дознаеш.
За ТикТок сними видео во два дела во кое покажа како го прави тоа и кои производи ги користи. Она што прво ни падна во очи е тоа колку убаво изгледа без шминка! Толку сме навикнати да ја гледаме со шминка, што ова за сите беше убаво освежување. За шминкање користи некои производи надополнети со луксузни производи. Има сѐ! Како изгледа тоа, можеш да видиш во продолжение, а во видеото во продолжение можеш да видиш кои производи ги користи:
@brrreskvaa #breskvica #makeup original sound - Andjela Ignjatovic
@brrreskvaa #breskvica #makeup original sound - Andjela Ignjatovic
фото: Принтскрин / Инстаграм