Безвременската елеганција и софистицираност се главните адути: Нина Бадриќ има фустан за кој не треба да жалите ниту еден денар

Безвременската елеганција и софистицираност се главните адути: Нина Бадриќ има фустан за кој не треба да жалите ниту еден денар

Објавена во: Мода // In and Out

Купете го еднаш, комбинирајте го на сто начини и носете го во секоја прилика

Пејачката Нина Бадриќ со години е едно од познатите лица на регионалната музичка сцена. Освен по одличниот глас, многумина почнаа да ја препознаваат и по совршениот моден стил, па не е чудно што стана извор на инспирација за жените кои сакаат да бидат облечени според најновата мода.

Нејзиниот стил се карактеризира со едноставност, но и ефективни парчиња кои лесно се комбинираат и носат речиси во секоја пригода.

Малиот црн фустан со години е број еден во гардеробата на секоја жена, бидејќи е одраз на елеганција и софистицираност, која со само еден ефективен детаљ станува вистинска модна магија.


Токму затоа купувањето на вакво парче е вистинскиот избор. Колку и да чини, вреди, бидејќи со купување на едно парче добивате можност да изгледате совршено во секоја прилика.

Ако го комбинирате паметно, со некои ефективни детали, лесно се претвора во елегантна, софистицирана комбинација која фрла сè под вашите нозе.

Извор: glossy.rs

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: