БИДЕТЕ ВИТКИ КАКО ЏЕНИФЕР АНИСТОН: Како се храни славната актерка?

БИДЕТЕ ВИТКИ КАКО ЏЕНИФЕР АНИСТОН: Како се храни славната актерка?

Објавена во: Moj стил, Филм

Не е тајна дека Џенифер Анистон се храни здраво. Ја сака италијанската кујна, особено онаа која самата ја приготвува, а во едно интервју откри и дека слабост ѝ е пилешкото пропржено без масло.

„Кога пречекувам гости, обично подготвувам лазањи со зеленчук. Наместо тесто за лазањи, користам домати, а помеѓу ставам тиквици и сирење. Во  мојот фрижидер најчесто има суров зеленчук, тврдо готвени јајца, салата и многу извори на протеини како пилешкото“ - откри славната холивудска актерка.

Нагласува дека не дозволува нејзините здрави прехрамбени навики да излезат од контрола. 

„Мојата филозофија е да јадам здраво огранско овошје и зеленчук. Не сакам јаглехидрати и се обидувам да го исфрлам белиот скроб од исхраната. Не јадам леб со оброците“ - вели Анистон.

Таа пред некое време призна дека била на грејпфрут диета и дека овој режим на исхрана доста влијаел врз нејзиното расположение. 


Објавена во: Moj стил, Филм

Можеби ќе ве интересира: