Били Ајлиш дизајнираше влечки: Изгледаат како нешто со што Венсдеј би била апсолутно воодушевена (ФОТО)
Естетиката на овие обувки е некако готичка...
Серијата „Wednesday“ доведе до тоа да процвета трендот на готичка естетика. Мрачниот готички стил кој во серијата го негуваше главната хероина, стана хит преку ноќ.
Претпоставуваме дека и Били Ајлиш била инспирирана од серијата и модниот израс на Џена Ортега во улогата на бунтовната тинејџерка.
Имено, Били порано имаше остварено соработка со „Nike“, а сега дизајнираше влечки со брендовите „Nike“ и „Jordan“, кои изгледаат како нешто со што би се воодушевила и Венсдеј Адамс. Црните влечки, со шетоаголен дизајн и остри рабови, дефинитивно имаат готичка вибрација.
Целокупниот дизајн е многу минималистички, обувките се направени од кожен материјал, заедно со ѓоновите од пена, за максимална удобност на нозете.
Уште не се пуштени во продажба, но претпоставуваме дека тоа ќе биде во претстојната сезона пролет/лето.
фото: Принтскрин / Инстаграм