Били Ајлиш руши рекорди: Номинирана е дури 6 Греми награди
Некои од категориите во кои Били Ајлиш е номинирана за албум на годината, најдобар изведувач, најдобар поп албум и најдобра соло изведба. Неверојатно!
Младата пејачка Били Ајлиш ги руши сите рекорди кои ќе и наидат на патот. Порано оваа година стана првата ѕвезда родена по 2001 година, чиј албум беше број 1 на сите листи, а сега оди чекор понатаму, пишува Popbuzz.
Имено, објавени се номинациите за наградите Греми, а 17 - годишната пејачка е номинирана за дури 6. Заедно со Lizzo и Lil Nas Xom води на номинациите. Со своите песни си осигура номинации во сите категории и така стана првата личност која го успеа тоа.
Авторката на песната „Bad Guy“ е номинирана во категоријата албум на годината, најдобар нов изведувач, најдобар поп албум, најдобра соло изведба, песна на годината и текст на годината.
Номинациите ги воодушевија обожавателите на Били, но и другите познати личности. Па така некои од нив пратија прекрасни пораки полни со воодушевување. Некои од нив се Liam Payne, Halsey и Billie Jean King.
Hasly напиша: „Прескреќна сум, бидејќи Били руши се пред себе. Барем јас како дете да имав некој како што е Били да можев да земам пример. Незапирлива е!“