Благодарение на Џо Бајден: Неверојатен подем на стариот хит на Мајли Сајрус
Популарниот Инстаграм профил Saint Hoax објави монтирано видео од новиот претседател на САД, Џо Бајден и потпретседателката Камела Харис, како играат на песната „Party in the USA“ од Мајли Сајрус, што доведе до неверојатен подем на овој хит на влијателните музички табели.
Ова на својот Твитер профил го сподели и Мајли, а во описот напиша: „Е, ова е забава во САД“.
— Miley Ray Cyrus (@MileyCyrus) November 7, 2020
Потоа, луѓето ширум Америка започнаа да се собираат за да ја прослават промената на власта, а на собирите ја слушнаа токму оваа песна.