Блејк Лајвли изгледа одлично, а тоа е благодарение на овие 8 здрави навики: Лесно можеш и ти да ги вклучиш во животот
Изгледа дека е тешко да се внесат здрави навики во секојдневието, но со овие не е така...
Ако Блејк Лајвли има време и може да ги внесе во својот живот сите овие здрави навики, можеш и ти. Здравјето често го ставаме на последно место по важност, а би требало малку да го кренеме кон врвот.
Не знаеме која е тајната за убавината на актерката, но сигурно многу девојки би сакале да ја знаат. Оваа актерка изгледа одлично. Од моментот кога глумеше во „Gossip Girl“, па досега, таа е секогаш во топ форма и изгледа дека многу остарела во сите овие години. Блејк се грижи за своето здравје и редовно се придржува до некои здрави навики кои се едноставни и ефективни. Ако барате начини да го направите вашиот живот подобар и поздрав, тогаш Блејк може да ви биде пример. Со текот на години во интервјуата ги откриваше своите навики кои никогаш не ги прескокнува, а еве кои се тие:
# Не претерувај со алкохолот
Алкохолот никако не е добар за тебе во кој поглед и да размислуваш. Иако за многумина е составен дел од ноќните забави, како и за актерката Блејк Лајвли, тоа не значи дека на секој настан е пијана. Нејзиниот пример би требало да го следат сите. Едно е да се испијат неколку чаши, но да се опиваш секој викенд не е добра идеја. Како општо за твоето здравје, така и за твојата кожа или килограми, бидејќи алкохолот има калории и тоа повеќе отколку што мислиш.
# Никогаш не го прескокнува појадокот
Тренерот на Блејк, Дон Саладино, за „Cosmopolitan“ откри дека нејзиниот најчест појадок се неколку јајца подготвени на кокосово масло и некогаш со тоа јаде и некој зеленчук. Наместо за појадок да јаде шеќери како крофни, чоколадни овесни снегулки или Нутела, Блејк јаде протеини како јајца. И знае дека појадокот никогаш не се прескокнува.
# Денот го започнува со вода
Ова е супер начин за да се започне денот. Кога ќе се разбуди, Блејк пие чаша вода. Тоа е една мала навика која е навистина добра. Поголемиот дел од нас во текот на денот не пијат доволно вода и телото ни дехидрира без да сме свесни за тоа. Вака сеа утро веднаш го почнуваш денот со хидратација. Немој да заборавиш да пиеш вода и во текот на денот. Ќе се чувствуваш подобро и помалку уморно.
# Четири до пет пати неделно вежба
За да изгледа добро, Блејк редовно вежба. Иако таа скоро секој ден од работната недела го поминува во теретана, на многумина ова сепак не им е опција. И ни ти не мора да бидеш цело време да бидеш во теретана, бидејќи лесно можеш да вежбаш и дома. Пронајди некоја рутина на Јутјуб која ќе ја следиш или прави вежби низ некоја друга активност како танц, одење и слично.
# Не ги брои калориите, но внимава и секогаш јаде разновидна храна
Броењето на каролиите е една од причините зошто лесно се откажуваме од разните диети од Интернет. Тешко е да се живее така и многумина губат мотивација. Броењето на калориите е лошо хоби кое на никој не му е потребно. Наместо да ги броиш калориите, само биди свесна што јадеш. Погледни која храна и пијалок ти го забрзуваат метаболизмот и со задоволство внеси ги во своето мени.
# 80% од времето јаде здраво, 20% сѐ останато
Иако здравото хранење е за пофалба, и Блејк и нејзиниот тренер знаат дека тоа не е можно постојано. На сите понекогаш може да им се пријаде чоколадо, хамбургер или да им се припие Кока Кола. Наместо да го исфрлите сето тоа засекогаш и да се откажете од обидот да се храните здраво, пробајте го овој систем што го користи актерката. 80% од времето внимава што јаде, но 20% од времето е опуштена и јаде што сака.
# Има едноставна рутина за нега на кожата која не е скапа
Во интервју за магазинот „Вог“ ги откри освоите омилени производи за нега на кожата, и она што на многумина им се допадна е дека покажа дека не треба да се користат скапите и луксузни брендови за кожата да изгледа добро. Таа ги користи брендовите како „CeraVe“, „Mario Badescu“, „Kiehl's“ и „Caudalie“. Некои се пристапни, други малку поскапи, но не се супер луксузни.
# Јаде храна која е зготвена дома
Полесно е да се нарача или да се отиде во пекара или сендвичара, но Блејк преферира храна која е зготвена дома. Така точно знаеш што јадеш и таквата храна чесот е поздрава и поевтина опција.
фото: Принтскрин / Инстаграм