Боби Битбокс: Мојата YouTube приказна започна кога бев најразочаран!

Боби Битбокс: Мојата YouTube приказна започна кога бев најразочаран!

Објавена во: Интервјуа, YouTube ѕвезди

Јутјуберот Бобан Трајковски или Боби Битбокс (BobiBeatbox) ексклузивно за Hashtag.mk открива како настанале неговите први видеа, кој е Боби приватно, кој е Кољо, како настана YTMKDSHOW и дали Југото го паркира до хеликоптерот. 

* Како започна твoјата YouTube приказна?

Искрено сето ова го започнав од депресија. Бев тотално разочаран од работите што се случуваа во мојот секојдневен живот, сè започна да се распаѓа. YouТube беше вистинското место мојата животна слика да изгледа посреќно.

* Koj e Боби кога не снима?

-Боби е истата будала и од видеата, секогаш сум во кругот на шегата и смеата, би кажал дека можеби сум малку посериозен во живо отколку пред камера, но сепак имам своја фан база која треба да ја забавувам со моите способности и вештини.

* Кој е Кољо?

Ах... Кољо е сопствена приказна, сè уште работам на тој карактер и сакам малку да ги променам околностите во кои се наоѓа. На пример да има со кого да се дружи, иако тој сè уште инсистира јас да му бидам најдобар другар.

Кољо - ликот кој многу често ќе се појавува во YouTube видеата на Боби.

* Што би им препорачал на оние кои сакаат да почнат да снимаат видеа и да имаат свои канали на YouTube?

Да започнат од своите таленти и желби, YouТube е новата телевизија. Покажувањето на својот талент е убав пример да бидеш забележан. Некогаш не е потребно да си некој за да успееш во тоа што го сакаш, туку колку сакаш да си тоа што си.

*Со кој од останатите Јутјубери најмногу се дружиш?

Па... искрено не се дружиме многу. Секој има своја работа и свои обврски во својот приватен живот. Јас не спаѓам во никаква група на дружба. Мојата дружба секогаш била причина да се собереме сите, тоа многу повеќе ми значело отколку да се одбере најдобар другар.

* Објавувањето на интернет има и позитивни и негативни коментари, како се справуваш со негативните коментари?

Негативните коментари нашите јутубери сè уште не можат да ги разберат. Јас верувам дека секој коментар има причина и значење, ги анализирам и најтешките и најлесните и секогаш гледам да имам позитивен одговор, не ги одбегнувам. Многу е битно да ги прочиташ сите коментари.

* Кои се твои омилени Јутјубери во светски рамки и имаш ли контакт со некој од нив?

Искрено немам омилени и не ги следам многу. Јас сум татко на македонскиот Youtube и мојот поглед секогаш бил на овие простори. Едноставно мислам дека светски познатите јутјубери се лоша слика за нашите стандарди. Тоа што тие можат да го направат, ние може само да го сонуваме затоа што многу слабо сме поддржани и сме ограничени на тоа каде може и каде не може да се снима.

* Кое е твое најгледано видео?

Моето најгледано видео е  Pozz me тоа е песна која која ја напишав за нас и за фановите, порано беа други времиња каде бевме здружени многу повеќе и видеата имаа значење.


* Најлуд коментар што си го добил од некој обожавател?

Искрено ги има многу, со оглед на тоа дека мојата фан база е луда како мене, веќе секој коментар е сè полуд.

* Колку пораки добиваш дневно на Инста и на ФБ и успеваш ли да одговориш на сите?

Секогаш ми стои хит марк 99+, успевам во текот на денот да оговорам, но продолжувањето на разговорите нема крај. Секогаш има повеќе нови одколку одговорени.

* Дали е вистина дека идејата за YTMKDSHOW е твоја?

Да. Сакав да воведам нешто ново и нешто невидено на YouТube. YTMKDSHOW нè направи посебни, докажа дека сме уникатни. Се надевам дека со текот на работата ќе го осмислам и пријавувањето на повеќе јутјубери затоа што имаше многу креатори кои не присуствуваа на тоа шоу и не беа поканети. Сепак сето ова сакам да ни припадне нам и да не дозволиме некој да ни го одземе тоа. Веќе се работи на плановите за 2019 г., сега имаме повеќе време и се надевам повеќе спонзори кои би имале удел во нашето шоу.

* Дознав дека јутуберите заработуваат многу пари. Дали хеликоптерот го паркираш до Југото?

Хахаха. Искрено досега моите заработени пари од YouТube се донирани на разни јутубери во Македонија со цел да се збогати квалитетот и можностите за работа. Југото е легенда и не може да се замени со хеликоптерот :D


* Најкористен хаштаг? Не ги користам.

* Омилена песна? Моментално: Rome Total War Music- Divinitus.

* Што пееш додека се тушираш? Ретко пеам, гледам што побрзо да се истуширам, иако имам радио во кабината :D

* Позната личност што би сакал да ја запознаеш? Васко Ефтов.. Тој ми е омилен jутjубер.

* Кој ти е омилен цртан од детството? Снежана и 7-те џуџиња, има една сцена кога пеат во колибата. Тоа го обележа моментот да ми биде омилен за цел живот.

* Што не сакаш да јадеш? Маслинки.

* Што би правел ако немаш Интернет? Ако би немал Интернет сигурно би правел музика.

* Место кое најмногу сакаш да го посетиш? Алшар, Змиски остров, Египет, Пакистан, Антартика, Австралија

* Најголем страв? Ако не ставам видео... Моите фанови се многу злобни ако нема видео.

* Неостварена желба? Да бидам најдобриот Битбоксер во Македонија.

Објавена во: Интервјуа, YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: