Братот на Меган откри дека по раѓањето на детето, кралското семејство се сели во САД!
Меган и Хари моментално одмараат од јавноста додека го очекуваат раѓањето на своето прво дете.
Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат раѓањето на своето прво дете наредните денови. Меѓутоа, додека детето најверојатно ќе се роди во домашното окружување во Лондон, братот на Меган, Томас верува дека нема да помине долго време за кралскиот пар да размисли за купување на куќа во Лос Анџелес, пишува Mirror.
Томас мисли дека неговата сестра ќе го убеди Хари да си го осигураат животниот простор и во нејзиниот роден град. Знае дека Хари ги обожава Соединетите Американски Држави и дека служел војска во Калифорнија. Поради тоа Томас изјави за SundayExpress дека има шанси домот на плажа да биде атрактивен предлог за Хари.
„Кој не би го сакал тоа? Кога ќе пораснете како дете на плажа, секогаш ќе се враќате на неа. Меган е израсната во такво окружување и неа многу и одговара тој начин на живот“ - раскажува Томас.
Томас верува дека Меган детето ќе го одгледува како што таа била одгледувана во Калифорнија. „Мислам дека нејзинито растење има големо влијание на начинот на кој ќе го израсне своето дете. Сета радост која ја доживеала во животот и сите убави спомени, таа ќе му ги прераскаже на детето“ - заклучи.