Браво: Ќерката на познатиот фудбалер Един Џеко донираше коса за деца болни од рак (ФОТО)
Уна Џеко, ќерка на најпознатиот фудбалер од БиХ Един и неговата сопруга Амра Џеко, ја донираше својата коса на здружението „Срце за деца болни од рак“.
- Нашето драго девојче Уна се приклучи на армијата деца, кои ја донираа својата коса за да ги насмеат децата на кои за жал им падна косата - напишаа на Фејсбук страницата „Срце за деца болни од рак“.
Според нив, пример за Уна е нејзината мајка Амра, која веќе двапати ја донирала својата коса, а Уна напишала и посвета „Драги пријатели, многу ве сакаме и секогаш мислиме на вас“.
- Како што сме кажале милион пати досега, многу сме среќни што родителите ги учат своите деца да бидат сочувствителни и да помагаат. Нашиот проект #mojakosatvojakosa собира вакви дијаманти. Ти благодарам, Уна, за косата, но пред сѐ за љубовта што ја испрати до твоите пријатели - додале тие.
Извор: pressmediabih.com