Браво: Малиот генијалец Македон издаде книга посветена на универзумот и неговото содзавање
Десетгодишниот Македон Димитровски од Тетово, ја објави својата прва книга насловена од „Од атоми до универзумот“. Иако активно учествува на натпревари каде има освоено доста медали и игра шах, неодамна го објави својот научен труд од областа на астрономијата, во која детално го опишува универзумот и неговото создавање.
Книгата е на англиски јазик, а Македон објаснува зошто токму на овој јазик се одлучил да пишува за вселената, планетите, ѕвездите и галаксиите.
-Оваа книга е напишана на англиски јазик и ја направив за да можат другите да научат за вселената и за да можат повеќе да се заинтересираат на оваа тема, за во иднина да имаме повеќе научници, што ќе сакаат да истражуваат и да учат, вели малиот генијалец.
Тој појаснува дека неговата книга се состои од 19 поглавја.
Инаку Македон стана популарен во јавноста пред 3 години кога решаваше математички задачи наменети за средношколци и совршено зборуваше повеќе странски јазици.
Фото:facebook