Браво за Бела Хадид: Откри дека 5 месеци апстинира од она со што многу млади имаат проблем

Браво за Бела Хадид: Откри дека 5 месеци апстинира од она со што многу млади имаат проблем

Објавена во: Мода // Moj стил

Манекенката е инспирација и луѓето ѝ честитаат за истрајноста...

Бела Хадид на својот ТикТок профил сподели видео од себе и своите пријателки додека се забавуваат во Лас Вегас.

„Пет месеци без алкохол“ - стои во описот на видеото во кое се гледа како танцува во казино.

@babybella777

5 months alcohol free

Unlock it x better off alone - roxi audios

Но, ова не е првпат да е апстинира од алкохол. Манекенката уште во јануари 2022 година откри дека шест месеци не пиела алкохол, откако почувствувала дека не може да се контролира. Тогаш изразила желба да остане трезна во догледна иднина, бидјеќи тоа е подобро за нејзиното ментално здравје. Имено, Бела се бори со анксиозност и депресија од својата најрана младост.

Коментарите на фановите на ТикТок се во главно позитивни и луѓето ѝ честитаат на борбата и истрајноста.

Можеби не сте знаеле, но Бела имала непријатно искуство со алкохолот пред речиси една деценија. Кога имала само 17 години, Бела била уапсена бидејќи возела во алкохолозирана состојба. Тоа било во 2014 година, а за тоа добила и шест месеци условна казна, 25 часа општествено корисна работа и 20 часа на состаноци на анонимни алкохолочари. Покрај сето тоа, возачката дозвола ѝ била одземена на една година.

И на својот Инстаграм профил сподели фотографии од Лас Вегас на кои можеме да ја видиме во прекрасен црвен фустан со ремен на половината и со лелеави ракави. Станува збор за фустан од колекцијата на ејми Шехаб за 195 долари, кој може да го видите ОВДЕ.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: