Брилијантни „мејк ап“ трикови за секој проблем!
Колку и да си умешна кога станува збор за шминкање, сигурно ти се случуваат грешки кои може во потполност да го уништат целиот твој изглед.
Доколку ти се случи линијата со „ајлајнерот“ да не ти биде еднаква на двете очи, го намачкаш горниот капак со римел додека го нанесуваш или сенката за очи ти паѓа по образите, не грижи се! Овие работи и се случуваат на секоја девојка. Но, постојат трикови кои многу може да ви помогнат доколку имате некој од овои проблеми!