Бритни во емисија кај Опра: Ќе открие детали од ужасното старателство
Пејачката Бритни Спирс сними видео кое го објави на социјалните мрежи во кое раскажа што сѐ може да прави сега кога старателство заврши и дека се срами што воопшто ќе зборува јавно за тоа.
Го најави и големото интервју кај Опра Винфри во кое на целиот свет ќе му ги открие сите ужасни работи кои ги трпела во текот на старателството.
„Многу ми е неудобно да признаам дека никогаш не сум видела кеш, ниту сум го возела својот автомобил. Секој ден се будам и се прашувам како моето семејство можеше да ми го направи сето тоа“ - напиша покрај искреното видео објавено на Инстаграм.
„Под старателство бев 13 години, а тоа е многу долг период кога си во ситуација во која со сигурност не сакаш да бидеш. Искрено сум благодарна за секој ден, и ме радувааат мали работи како поседувањето на клучевите од автомобилот или купувањето на свеќи. Тие мали работи за нас жените прават огромна разлика.“
Бритни истакна дека не дошла до тоа да биде жртва, бидејќи со жртви живеела целото свое детство и дека затоа и си заминала од дома и работела 20 години.
„Тука сум за да бидам застапник на лицата во вистински инвалидитет и реални болести, не можам ни да замислам што им направил законот на тие луѓе. Се надевам дека мојата приказна ќе влијае и ќе направи некои измени во коруптивниот закон“ - заклучи таа.
Им се заблагодари на обожавателите кои ја поддржаа низ двиежењето #freebritney.