Цеца вплеткана во малверзација: Многу пари се во прашање

Цеца вплеткана во малверзација: Многу пари се во прашање

Објавена во: Stars // Музика

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ се најде на мета на измамници од Париз, кои претходните денови на социјалните мрежи најавија нејзин лажен концерт.

На плакатот пишуваше дека тоа е првата „Југо забава“, а Цеца беше најавена како гостинка и ѕвезда на вечерта.

Во огласот пишува дека концертот е закажан за 30 ноември- денес, а како што можете да видите на плакатот цената на билетот е 40 евра.

Цеца Ражнатовиќ дознала дека е вмешана во измама, па за ова веднаш се огласила на Инстаграм.

Заедно со фотографијата од контроверзниот постер таа едноставно напиша: „Лага“.

Картите за концертот се распродадоа брзо, а споменатиот клуб може да прими околу 600 луѓе, па со едноставна пресметка се доаѓа до цифрата од 24.000 евра, колку лажните организатори веќе заработиле само од продажба на билети.

И летово беше жртва на измама

Во истиот проблем се најде Цеца летово, кога во медиумите се појави најава за нејзиниот концерт во Трг во Челинац.

- Сакам да и се обратам на мојата публика во врска со утрешниот настап и местото наречено Челинац. Тој датум никогаш не беше одобрен од моите менаџери, мојата публика беше доведена во заблуда, моето име беше злоупотребено. Не е до мене, едноставно не може на тој начин да се манипулира со моето име и мислам дека тоа е многу грдо и голема срамота. Ќе биде добро да не поднесам кривична пријава за лажно објавување на мојот настап – рекла Цеца, пишува Курир.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: