Цел живот се срами од белегот: Поради него сега е успешен модел
Во современиот свет, не постои дефиниран идеал за убавина. За еден човек ако нешто е убаво, за друг можеби не е.
Зачудувачки пример за оваа теза е животниот пат на Мариана Менде, која во детството честопати била објек за исмејување од соучениците и луѓето по улица, а се поради нејзиниот белег на лицето, кој го има од раѓање.
Оваа девојка успеала да ги издржи сите навреди и денес е среќна и успешна жена.
Родена е во нормално бразилско семејство. Нејзината мајка била многу убава и прогонувана од многу мажи. Но, нејзиното срце му го предала на еден маж од кој ја родила Мариана.
Со девојчето сè било во ред, освен огромниот белег на лицето. Мајката била премногу загрижена дали истиот може да наштети на здравјето и психата на тогаш малата Мариана. Секако дека била во право. Децата никогаш не престанале да ја исмејуваат. Кога имала 5 години, мајката решила да го отстрани белегот со ласер, но овој подвиг не донел никаков резултат.
Мариана често плачела и барала од нејзината мајка да и објасни зошто не е како другите деца. Сево ова ја натерано Мариана да почне да расне во силна личност.
Неколку години подоцна сфатила дека нејзиниот белег е тоа што ја прави различна од сите други, бидејќи сите биле исти. Дури кога списанијата почнале да бараат различна убавина, младата девојка започнала да се сака себе си.
Нејзиното дипломирање било клучно за да таа да почне да верува во себе. Се запишала на еден од најпрестижните бразилски колеџи, каде го снимила својата прва фотосесија. Фотографиите поминале одлично, а девојката одеднаш се покажа како исклучително популарна.
Но, сонот за моделство не завршил тука. По колеџот, Мариана потпиша договор со една од најсилните бразилски модни агенции, во потрага по различни модели со необичен изглед.
По неколку години, таа стана успешна манекенка со која никој не се потсмева.