Цело лето продавала лимонада за да купи билет за концертот на Тејлор Свифт: Реакцијата на осумгодишната Шарлот е бесценета (ВИДЕО)
Осум годишната Шарлот е голема обожавателка на мега популарната ѕвезда Тејлор Свифт.
За да оди на нејзин концерт Шарлот напорно работела цело лето, да собере пари и да купи карта за концертот. И замислете ѝ успеало...
„Мојата ќерка го помина цело лето продавајќи лимонада за да го купи нејзиниот прв билен за концертот на Тејлор Свиф“, напишала нејзината мајка.
Реакцијата на Шарлот е бесценета. Среќа, адреналин и солзи сѐ во едно.
„Целата нејзина напорна работа се исплатеше! Откако не можеше да набави билети за Тејлор Свифт, 8-годишната Шарлот заработи доволно пари за да присуствува на турнејата „Ерас“ со продажба на лимонада и нараквици“, стои во описот на профилот што го објави видеото.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм