Со чаша вода провери во каква состојба е твојата коса
Дали е време да ја потстрижам косата или не? Е eдна од вечните женски дилеми, барем кога е во прашање убавината. Секако тука се поставува и прашањето дали е време за одење на фризер или косата сепак не е уште во толку лоша состојба.
Ако си го поставуваш ова прашање, за одговорот ти се потребни чаша вода и две минути време.
Земи неколку прамени и потопи ги во чашата вода и гледај што ќе се случува.
Ако косата тоне, тоа значи дека е слаба и кршлива, иако ти се чини дека изгледа здраво. Тогаш е препорачливо што побргу да одиш на фризер и да се потстрижиш, а додека тоа го направиш, како прва помош може да ти послужи и маска за коса со која ќе ја нахраниш твојата коса.
Ако косата остане на површина на водата, можеш уште малку да го одолговлекуваш потстрижувањето, бидејки тоа покажува дека косата ти е во добра состојба.