Често ме споредуваат со мајка ми: Мелани Тарчуловска со своите 16. години го имаше првиот голем настап

Често ме споредуваат со мајка ми: Мелани Тарчуловска со своите 16. години го имаше првиот голем настап

Објавена во: Stars // Интервјуа

Соња Тарчуловска вели дека иако досега имал многу настапи, никогаш не била повозбудена и немала повеќе трема отколку пред неколку викенди, кога ја гледаше својата ќерка Мелани како пее на голема сцена.

Мелани со своите 16 години беше најмладиот учесник на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, со песната „А ти“. Елегантна и шик, Мелани на сцената на „Долни Сарај“ одлично се претстави на Интернационалната вечер, а на прв поглед таа навистина изгледа како да е Соња, во помладите години. Фолк-пејачката е горда на тоа што нејзината ќерка толку личи на неа.

-Често ме споредуваат со мајка ми врз основа на личниот опис и се согласувам дека е тоа така, ни изјави Мелани по настапот, а Соња ѝ беше голема поддршка на ќерка си од публиката.


-Реално јас бев повозбудена од Мелани. Со оглед дека на „Охрид фест“ настапи за првпат на голема и преубава сцена, за првпат пред многу камери, но сепак се покажа како голем професионалец, ни рече Соња за ќерка си.  

-Работата си ја заврши една изворедна модна куќа,„Дама“која во наскоро време ќе биде со седиште во Лондон“, додаде Соња за изгледот на убавата Мелани која има 16 години.

Иако ѝ е главна поддршка на ќерка си во музичката кариера која е на самиот почеток, Соња своја авторска песна немаа снимено 8 години. 


-Последниот настап ми беше со песната „Моја библија“  на фестивалот во Валандово. Музиката секогаш е присутна во нашиот дом. Тоа што јас не сум со ангажирана во моментов, не значи дека така ќе остане и понатаму. Сега засега приоритет е Мелани. Целата моја професионалност ја насочив кон семејството. Тие се мојот мир и мојата најголема љубов, ни изјави Соња.

Мелани е најстарото дете на Соња и на Јохан Тарчуловски. Тие ги имаат синот Младен кој има 14 години, а најмалата ќерка Јоана има 6 години и тргна во прво одделение.

Мелани, возбудена по настапот, ни раскажа детали за песната и за идните планови.


-Песната “А ти” беше снимена во студиото на Иле Спасев, којшто е и аранжер на песната. Сè се одвиваше доста брзо и спонтано, посебно бидејќи до мене имаше искусна личност за соработка како него. Тука сакам да ја спомнам и Весна Малинова која беше меѓу првите кои ја слушнаа мојата прва авторска песна и ми беше голема поддршка. Песната носи многу јасна порака: Кога сонце заоѓа, ја знам темнината во која ти ме убиваш, а немаш причина. 
Зад сцената атмосферата беше пријатна и опуштена исто како и на сцената.Сè беше онака како што очекував.
Моето семејство е мојата најголема поддршка отсекогаш. Мајка ми беше со мене до последната минута пред настапот, раскажа Мелани и искоментира како е да си постара сестра на Младен и на Јоана.

- Да се има големо семејство е дар и голема среќа. Среќна сум што ја имам таа можност да сум сестра на две прекрасни дарчиња, ни изјави младата пејачка.

Таа учи во средното музичко училиште “Илија Николовски-Луј”, и вели дека училиштето ѝ помогнало во процесот на создавање на новитети на мизички план. Во слободно време, за неа пишувањето текстови и поезија е вистинско уживање.

-За плановите во иднина никогаш не можеме да гарантираме во целост особено не кога сум во прашање јас. Ја сакам спонтаноста со излив на нови идеи, вели Мелани и најавува дека се работи на доста проекти, а таа се надева дека ќе се изреализираат набрзо.


Милица Џаровска
за Женски магазин


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: