Четката за заби во служба на убавината
Четката за заби
e една од најважните алатки за
убавина, бидејќи благодарение на неа забите се здрави и убави. Веќе сигурно знаеш дека треба да ја менуваш често, затоа не ја фрлај старатa четка за заби бидејќи може да ти
користи. Измиј ја со врела вода и употребувај ја за:
- Да ги средуваш веѓите. Испрскај ја со малку лак за коса и исчешлај ги веѓите.
- Да ги исчиштиш ноктите. Натопи ја со маслиново масло и исчеткај ги ноктите.
- Да ги расчешлаш трепките по нанесување на маскара.
- Благ пилинг на усните. Нанеси дебел слој балзам за усни и потоа нежно помини ги усните со помека четка за заби.
- На крајот четката можеш да ја користиш и за чистење на твојот накит или валканите балетанки и патики.