Чудото од дете кое се разбуди по четири години од кома, сега слави матура!
Јован Колоски, чудо од дете, кој по четири години поминати во кома успеа да се разбуди и да ја победи лошата болест и покрај тоа што овдешните лекари им ги затворија вратите и ги испратија во сигурна смрт, стана матурант. Јован се спрема за факултет, има свои планови и желби – Сака да биде глумец. Колку е тоа реално, не знае ниту тој ниту, пак, родителите затоа што лекувањето не е завршено.
Иако тешката болест, во 2009 година му го одзеде детството, тој се врати онаму каде што застана. На неговиот 13. роденден се разбуди од кома. Не препознаваше никого. На ништо не се сеќаваше. Болеста му го избриша детството. Одново како мало дете ден по ден почна повторно да учи за животот, да вика мама, тато, баба…
Целата сторија е раскажана за Вечер.мк