Да живее комбинезонот, немам сега многу избор: Антониа Гиговска во центарот на вниманието на ревијата на Ива Спасовска (ФОТО)
Младата трудница буквално ги украде погледите на присутните, а доби и бројни комплименти за изгледот...
Младата пејачка Антониа Гиговска на синоќешната ревија на модната дизајнерка Ива Спасовска владееше на сцената.
Иако, Антониа најави пауза поради блажената состојба во која се наоѓа, сепак излезе на сцена и уште еднаш покажа дека е одличен вокал.
„Епа денес уживав во ревијата „Ангел“ на Ива Спасовска и ја имав таа можност да се појавам на сцената. А си добив и комплименти дека сум многу убава трудница, па си викам што убаво било да прошеташ со стомаче. Да живее комбинезонот, немам сега многу избор“ - напиша Антониа на Инстаграм споделувајќи низа фотките.
Носеше долг црн комбинезон кој го надополни со ракавици и елегантен светкав накит.
Целата комбинација ја зачини со црни шпиц чевли и шминка со која ѝ ги истакнуше најубавите црти на лицето.
фото: Принтскрин / Инстаграм