Да знаев, немаше да одам таму: Хадид по грабежот во Грција
Манекенките Џиџи и Бела Хадид неодамна ја шокираа јавноста откако признаа дека некој ги ограбил на грчкиот остров Миконос, додека уживале на одмор. По грабежот, Џиџи го критикуваше островот па на социјалните мрежи напиша: „Не дозволувајте Инстаграм да ве прелаже, не ограбија. Повеќе нема да вратам. Не би ви препорачала да заминете таму, трошете ги парите на друго место“.
По објавата, Грците ја нападнаа дека е непристојна и дека ја „оцрнува“ земјата која живее од туризмот. Еден од следбениците на Инстаграм и порача: „Ким Кардашијан ја ограбија во Париз, а таа не им велеше на луѓето да не одат во Париз, бидејќи има повеќе стил од тебе“. По бројните критики, манекенката повторно почна да пишува за инцидентот.
„Да разјаснам за оние кои мислат дека немам право да имам мислење темелено на моето искуство и да ги предупредам луѓето на ова: бев ограбена заедно со уште 30 - тина куќи, од кои некои беа ограбени со користење на огнено оружје. Не беше возможно да се исконтактира ниту еден од органите за спроведување на ред, освен моето приватно осигурување кое имаше контакт. Доколку нешто се случи додека полициската станица е затворена, не може да се направи ништо за да се заштитите, а кога станицата се отвори, не изгледаше дека нивната одлука и ресурси се во склад со тоа да ги осигураат луѓето или да се справат со количината на злосторства кои таму се случуваат скоро секоја ноќ (особено зборувам за островот, бидејќи ова јас го доживеав таму)“ - порача таа.
„Ова не е информација која им се кажува на луѓето пред да заминат таму. Да знаев дека тоа е толку често и дека не постои инфраструктура да се заштитам, не би одела таму. Па затоа, ова е моето мислење добиено врз основа на сопственото искуство, а доколку на вас не се допаѓа тоа не е мој проблем. И за крај, работам како коњ и никогаш не одам на вакви патувања само за себе и своите пријатели, па доколку сакам да објавувам фотографии од патувањето и по ограбување, тоа и ќе го правам“ - заклучи Џиџи.