Дали ова ќе биде најбараната фризура за 2023 година? Сите зборуваат за косата на популарната Џена Ортега (ФОТО)

Дали ова ќе биде најбараната фризура за 2023 година? Сите зборуваат за косата на популарната Џена Ортега (ФОТО)

Објавена во: Мода // In and Out

Се прослави преку ноќ со улогата на „Wednesday“, а сега почна да диктира трендови

Токму кога помисливме дека 2022 година ќе ја завршиме со серијата „Wednesday“ и ќе заборавиме на нашата опсесија со актерката Џена Ортега до следната сезона, таа ни даде уште една причина за копирање.

Оваа фризура го освои целиот свет

Играјќи ја Среда, младата актерка инспирираше многумина со својот готски стил. Темната коса, плетенките и густите шишки станаа сè попосакувани во светот на убавината.


Само неколку недели откако му објасни на светот како Тим Бартон ѝ ги мести шишките пред снимање за „секое влакно да биде на своето место“, Џена се одлучи за драстична промена, која ја сподели со своите фанови на својот Инстаграм профил.

Нова фризура во „волк стил“

Долгата темна коса, која е нејзин потпис уште од времето кога глумеше во серијата „Jane the Virgin“, Џена ја скрати на кратка слоевита фризура, испреплетена со костенливи прамени.

За таканаречениот „wolf cut“ е заслужен познатиот фризер Дејвид Стенвел.

Таа го откри својот нов изглед гостувајќи во хит шоу


Џена го претстави својот неочекуван нов имиџ во „The Tonight Show starring Jimmy Fallon“, каде што зборуваше за танцовата сцена од серијата „Wednesday“, која самата ја создаде.

Новата фризура ја заокружи нејзиниот шминкер со драматична сина сенка за очи, додека Џена за ТВ гостувањето избра проѕирна креација на дуото Долче и Габана.

Гледачите на шоуто, исто како и нејзините фанови, со ентузијазам ја дочекаа промената на имиџот на талентираната актерка.

Како ви се допаѓа оваа фризура?


Извор: stil.kurir.rs

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: