Дали се сеќавате на дебатата за тоа во која боја е фустанот? Сега има нова мистерија (ФОТО)

Дали се сеќавате на дебатата за тоа во која боја е фустанот? Сега има нова мистерија (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Една девојка ги праша корисниците на социјалните мрежи која боја на лак ја гледаат на нејзините нокти...

Ако се сеќаваш на дебата на социјалните мрежии која своевремено го подели мислењето на јавноста, за тоа дали фустанот е бело-златен или црно-син, сега имаме нова загатка за тебе. Корисниците на социјалните мрежи повторно се поделија, но овој пат поради еден едноставен маникир.

Имено, една корисниците на Фејсбук останаа збунети откако една девојка објави фотографија од бојата на нокти која ја сака, прашувајќи ги корисниците во групата едно едноставно прашање - која боја е лакот.

Како што пренесува „Metro“, ова ги поттикнало луѓето на жестока дебата, поради тоа дали е во прашање нијанса која е бела или сина. Оваа дебата сите ја споредија со бело-златниот или црно-синиот фустан, кој предизвика жестока дебата на Интернет во 2015 година.

Некои дури се пуштија во сериозна истрага и влегоа во потрага по оригиналната фотографија, за која се испостави дека е од еден салон за нокти.

Во објавата која со брзина на светлината стана вирална, девојката напиша дека е многу збунета, бдиејќи таа видела само бел лак за нокти, но кога ги прочитала коментарите, сфатила дека другите гледаат сина боја. Нејзиното обично прашање резултираше со бескрајна низа на одговори, каде едни се сложуваат дека лакот е во бела боја,  а други дека во прашање е светлосина боја.

Која боја ја гледате вие?

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: