Дали споделувањето шминка е добра идеја?
Еве неколку причини кои можеби ќе ве убедат во спротивното.
На сите ни е позната оваа ситуација: Се брзаш, немаш време да завршиш со подготвување бидејќи другарките веќе те чекаат пред врата и на крај излегуваш од дома со едно око недошминкано, или една усна без кармин на неа. Но затоа е тука најверната другарка да ти го позајми нејзиниот кармин или маскара. Впрочем, секогаш е позабавно заедничкото подготвување и шминкање со другарките бидејќи така можат да ти помогнат и во изборот на облека.
Но дали оваа навика на споделување на вашите шминки е навистина добра? Ние ви посочуваме неколку причини кои можеби ќе ве натераат да бидете попретпазливи.
1. Бактерии
Сите знаеме што се случува доколку некоја бактерија се најде на лицето. Епа замислете си што ако вашата другарка става пудра или руменило со раце кои претходно не ги измила, а вие ја позајмувате таа пудра од неа.
2. Првут
Првутот е едно од нештата кое најлесно може да се пренесе. Ако вашата другарка не ја чисти редовно нејзината четка за коса, едно ваше користење може да е доволно за да ви пренесе првут.
3. Инфекција на очите
Очите се едни од најосетливите делови на нашето тело, па затоа користењето на туѓи маскари, ајлајнери или сенки за очи може да доведе до инфекција или воспаление.
4. Вирусни брадавици
Верувале или не, преку споделување шминка со другарките можете да добиете и вирусни брадавици. Тие се една од најчестите форми на вирусни инфекции кои се добиваат или пренесуваат и тоа најчесто преку користење на ист брич. Затоа запомнете, бричот е лично ваш и не се споделува со никој, бидејќи ако еднаш добиете вируни брадавичи, многу е тешко, а и болно да ги отстраните.
5. Габички
Доколку употребувате туѓо сунѓерче за нанесување пудра или руменило, постои ризик да добиете некоја габичка, која може да биде стварно опасна или да ви предизвика непријатно чувство.
Затоа, еден совет од нас, единствени работи кои можете да ги споделувате со вашите другарки се лак за нокти, ацетон, паста за заби, шампон, фен за коса или пегла за коса.