Дали знаете за која песна на Тоше Проески, Марина Туцаковиќ напиша текст?
Животот на една од најголемите текстовписци на Балканот, Марина Туцаковиќ, згасна прерано.
По нејзината долга борба со ракот, и влошена состојба поради ковид, Туцаковиќ замина на другиот свет, а цел регион се простува од неа.
Можеби не сте знаеле но, Марина имаше напишано песна и за нашата легенда Тоше Проески.
Мега хитот на Тоше Прески „ Соба за тага“ е дел од албумот „ Ако ме погледнеш во очи“ (Ако ме погледаш у очи) кој се појави во 2002 година. Музиката ја напиша грчкиот композитот Фивос, српската верзија на текстот е дело на Марина Туцаковиќ (Соба за тугу), а за аранжманот се погрижи Манолис Влахос. Македонската верзија на текстот е на Огнен Неделковски.
Изданието содржи 10 композицвии и беше најава за соработката помеѓу македонската музичка легенда и „ Фајнл кат продакшн“