Дамиано Давид загрижува со изгледот: Со појавата ги полудува жените, а по ова видео сите се прашуваат дали е добар?
Групата Манескин настапи во шоуто на Елен Деџенерис, а вниманието на обожавателите го украде загрижувачкиот изглед на фронтменот Дамиано Давид.
Победниците на овогодинешниот Евросонг, италијанскиот бенд Манескин, моментално ја освојуваат Америка.
Откако настапија како предгрупа на регендарните Ролингстоунс, се појавија во емисијата на Елен Деџенерис каде ја изведоа актуелната песна „Beggin“.
Нивното гостување и големиот успех беа засенети од загрижувачкиот изглед на фронтменот на групата Дамиано Давид.
Дамиано на сцената се појави во светкав комбинезон, а неговите обожаватели постојано коментираат дека се однесувал необично на сцена и дека се многу загрижени за него.
„Дамиано никогаш не изгледал волку уморно, се надевам дека е добро“, „Сите изгледаат исцрпено, а особено Дамиано“, „Се надевам дека успеал да се одмори по шоуто, изгледа многу уморно“, „Дамиано не изгледа баш среќно“, „Дури и кога е уморен, тој е најубавиот маж на планетата“ - се само некои од коментарите под видеото од нивниот настап кој е објавен на Јутјуб.
Многумина коментираа и дека е без врска тоа што во Америка мораат да пеат на англиски и дека имаат многу подобри песни на италијански јазик, но сепак преовладуваа честитките за успехот.
Да потсетиме, Италијанците во САД беа на ревијата на модната куќа „Гучи“ каде се дружеа со Мајли Сајрус, која се однесуваше како вистинска обожавателка и не ги тргнуваше рацете од Дамиано.
И додека обожавателите сметаат дека членовите на бендот се уморија од големата популарност, тие на Инстаграм профилите објавуваат фотографии според кои може да се види дека многу добро се забавуваат во САД.
Изгледа дека „лудилото“ по нив не се смирува ни по половина година од одржувањето на Евровизија и дека каде и да се појават прават вистински хаос.