Дамката од мастило за пенкало не ја спречи да позира: Совршената модна комбинација на Џена Ортега падна во втор план (ФОТО)

Дамката од мастило за пенкало не ја спречи да позира: Совршената модна комбинација на Џена Ортега падна во втор план (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако имаше дамка на фустанот, изгледа дека на Џена ништо не можеше да ѝ го расипе доброто расположение...

20-годишната актерка вчера се појави на црвениот килим во Њујорк на премиерата на филмот „Scream VI“.

На себе носеше кошула-фустан со црно сако со широки ревери, во кои голите рамена и деколтето ѝ дојдоа до израз.

Изгледот го надополни со едноставен ѓердан и црвен кармин на усните.


Во оваа совршена комбинација за премиерата на филмот и црвениот килим им го привлече вниманието на обожавателите, но на луѓето нешто друго ѝ падна во очи. Имено, на нејзиниот бел фустан се истакна една дамка, а станува збор за сино мастило од пенкало.


Иако корисниците на Твитер пишуваа дека сигурно била лута поради непријатната ситуација, тоа воопшто не се виде на нејзиното лице кога пристигна на црвениот килим. Ортега позираше пред новинарите многу самоуверено, како ништо да не се случило. Се смееше и уживаше. Браво за актерката, бидејќи очигледно ништо не може да ѝ го расипе денот.


фото: Принтскрин / Твитер

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: