Децата родени во пролет ги следи посебна среќа: Стануваат лидери и предоредени се за моќ и успех
Истражувањата на научниците покажаа дека годишното време во кое бебето е родено, може да ја одреди неговата личност!
Истражувањата покажаа дека годишното време во кое бебето е родено може да влијае на неговата личност. Датумот на раѓање и личните карактеристики се тесно поврзани, а бебето родено во пролет се издвојува по интересни карактеристики.
Ова се нивните најдоминантни карактеристики на личноста, но и оние кои се однесуваат на здравјето на децата родени во пролет:
# Помалку алергии
Иако пролетта кај некои луѓе го означува почетокот на бробата против алергиите, тоа не е случај за бебињата родени во овој период од годината. Генетичарите од Велика Британија ги проучувале ДНК маркерите кај деца родени во различни годишни времиња за да откријат дали има врска датумот на раѓање и развојот на алергии. Изнанедувачки, тие откриле зголеми ризик од алергии, поленска треска, астма и егзема кај децата родени во есен, а најмал ризик кај бебињата родени во пролет.
# Оптимисти од раѓање
Една многу убава работа за ефектот на сезоната врз темпераментот е секако ова. Сончевите пролетни месеци одлично влијаат на расположението. Пролетните бебиња можат да бидат дури и премногу позитивни. Ако сте родени во пролет, секогаш прво го барате најпозитивното во сè, наместо да се задржувате на негативното.
# Идни лидери
Неколку истражувања потврдија дека родените во март и април имаат многу поголеми шанси да станат лидери, а она што е интересно е тоа што децата родени во јуни и јули имаат најмалку шанси за тоа.
# Помала е веројатноста да имаат психолошки проблеми
Не само што пролетните бебиња се посреќни, туку и помали се шансите да развијат некакви психолошки проблеми во иднина. Иако тоа не значи дека никогаш нема да имаат психички проблеми, шансите се значително помали. Од друга страна, зимските бебиња имаат најголеми шанси за психолошки нарушувања, што повторно може да се објасни со недостаток на сонце во раното детство.
# Одлични креативци
Изгледа дека бебињата родени во пролет се многу креативни. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Конектикат откри дека поголема креативност имаат бебињата родени во март, но и оние родени во декември, јануари и февруари.
фото: freepik.com