Денес се одбележува меѓународниот ден на младите!
Денес се одбележува меѓународниот ден на младите, оние кои ја претставуваат нашата иднина. Ширум светот моментално живеат 1.8 милијарди млади помеѓу 10 и 24 години. Меѓутоа немаат сите исти можности, ниту образованието не е секаде исто. Половина од децата, помеѓу 6 и 14 години имаат проблем со читањето и собирањето иако поголемиот број од нив одат на училиште.
Младите својот ден го добиле во 1999 година кога главното собрание на Обединетите нации го определи. Служи како годишнина од прославата на млади жени и мажи како важни партнери во подигнување на свеста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите во светот. Секоја година овој ден има различна тема, а овогодинешнат е „Трансформација на едукацијата“, објавија од ОН.
Повеќе за младите кажа главниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутерес.
„Младите луѓе ширум светот ме инспирираа со својата динамика и посветеност. Ние во ОН сакаме да ги поддржиме нивните права, вклучувајќи го и правото на образование“ - рече тој.
Младите се иднина и целта е да бидат вклучени во одлуките поврзани со образованието. Она што младите треба да им биде подостапно е сите да имаат еднакви можности за образование и младите да се ангажираат околу социјалните прашања, како што се на пример, климатските промени.
Среќен ден на сите млади, среќен ден на нашата иднина!