Десетгодишниот Никола од Валандово е на тренинг во кампот на Ѓоковиќ во Белград: Моментално тренира со најдобриот (ФОТО)
Никола Узунов од Валандово е 10-годишно момче, кое секојдневно го живее својот сон. Имено, тој тренира тенис од своите пет години и дефинитивно неуморно работи на својот развивање на својот талент.
За тоа колку е посветен на тенисот, говори и фактот што оваа година е дел од кампот на Новак Ѓоковиќ во Белград. Никола, таму ќе биде една недела, а ќе тренира и учи од најдобриот помеѓу најдобрите - самиот Новак.
За Радио Валандаво, ова младо момче откри дека Ноле за него е цар и дека кончено му се оствари најголемиот сон - да го започнае рекетот број еден.
фото: Принтскрин / Инстаграм