Девојка ѝ ја позајмува својата облека на својата мајка, а луѓето не можат да си поверуваат: Изгледаат како близначки (ВИДЕО)
Саша и Тереза се доказ дека мајките можат да изгледаат одлично во облеката на својата ќерка.
ТикТокерката Саша Морпет, често споделува видеа со нејзината мајка Тереза.
Во видеото кое собра повеќе од 50.000 лајкови, Саша покажува дека мајките можат да изгледаат фантастично во комбинациите на своите ќерки.
„Мојата 61-годишна мајка ја проба мојата нова облека за излегување“ - вели Саша во своето видео.
Првата комбинација вклучува кратко беж здолниште, бел топ и сандали. Втората комбинација се состои од цветен фустан во боја на лимета, а третата вклучува широки фармерки и бела маица со чипка без ракави.
Корисниците на оваа социјална мрежа се согласија дека двете изгледаат како сестри близначки, а не како мајка и ќерка.
„Јаболкото не паѓа далеку од дрвото“ - гласи еден од коментарите, алудирајќи на тоа дека Саша многу личи на нејзината мајка.
Саша и Тереза не се единствените кои си позајмуваат облека, кон овој тренд се приклучени и многу познати личности. На пример, Хајди Клум и нејзината ќерка Лени направија моден едиторијал во исти комбинација, потоа Анџелина Џоли и нејзината ќерка Шајло, па дури и британската принцеза Кејт Мидлтон и нејзината мајка Керол.
Сигурно не постои девојка која барем повремено не ја познајмува облека од плакарот на својата мајка, а кога ќе пораснат, девојките често им позајмуваат облека и на своите мајка.
фото: Принтскрин / ТикТок