Девојка испратила фотки и ѝ кажале дека е плус сајз, а изгледа вака: Колку моделинг агенциите се токсични? (ФОТО)
Слаба е, но не е анорексична и изгледа дека поради тоа се смета за дебела, секако ако се прашува агенцијата...
Можеле да ѝ одговорат дека моментално не бараат нови модели, дека не е тип на модел за нив или било што друго, бидејќи сѐ е подобро од она што ѝ го кажале. На нејзините фотографии одговориле дека моментално не бараат плус сајз модели. Дали навистина било потребно да се нагласи тоа?
Колку светот на моделингот има погрешни перцепции околу тоа кој е слаб, а кој плус сајз најдобро ќе ти покаже ова видео. Една девојка се одлучила да се испроба во светот на моделингот, направила професионални фотографии и одлучила да ги испрати. Тие можеле да ѝ одговарат било што друго и би било подобро отколку она што ѝ го одговориле.
Ѝ кажале дека моментално не бараат плус сајз модели. Што звучи како океј одговор, ништо непристојно ниту навредливо, сѐ додека не ги погледнеш фотките кои ги испратила и како таа навистина изгледа. Не е анорексична, за да ѝ се гледаат коските, но е јасно дека е слаба и дека има убава фигура. Излегува дека модната индустрија ваквите девојки ги смета за дебели.
Испраќаат грозна порака на младите девојки кои сакаат да се испробаат во модниот свет и да ги испратат своите фотографии. Својата приказна ја сподели на ТикТок и доби многу позитивни реакции. Луѓето не можат да веруваат и сите ѝ пишуваат дека не смее да дозволи тоа да влијае на нејзината самодоверба и сега да почне да мисли дека има премногу килограми.
@imnnancy__ Ok.
Originalton - Saletherapy
Некои се посомневаа и во автентичноста на приказната и ѝ посочија дека измислува само за да собере прегледи и да стане популарна. Секогаш постои шанса да не е вистина, но како што многумина истакнуваат во коментари, без разлика дали нејзината приказна е вистина или не, ова е вистината која ја промовира модната индустрија и ставовите што всушност тие ги следат. Агенциите за моделинг имаат критериуми кои не се здрави и поради кои многу девојки завршуваат со пореметување во исхраната. Тие дефинитивно се една од најотровните индустрии таму.
Така, без разлика дали ова е вистина или не, всушност е реална ситуација која постои во светот на манекенството, а тоа го потврдија и бројни девојки кои рекоа дека истото им се случило. Сите оние кои сакаат да се испробаат како манекенки, не треба да дозволат коментарите кои ги даваат агенциите да влијаат на нивната самодоверба, бидјеќи во ниту еден случај не се реални.
фото: Принтскрин / Инстаграм / ТикТок