Девојка која докажува дека шминката не е секогаш добра идеја: Покажа како изгледа без шминка и стана вирална (ВИДЕО)

Девојка која докажува дека шминката не е секогаш добра идеја: Покажа како изгледа без шминка и стана вирална (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Сосема друга личност...

Некогаш е подобро да ја спуштите четката и да ставите помалку шминка, бидејќи на тој начин може да изгледате многу подобро. Дури и ако не сте свесни за тоа. Луѓето ја убедија оваа девојка дека воопшто не ѝ е потребна шминка, бидејќи изгледа одлично без неа.

Наместо да се зацементирате, ставете минимална шминка и стремете се кон природниот изглед, кој понекогаш може да ви донесе многу повеќе комплименти. Не сте ни свесни колку добро изгледате кога сте поприродни. За тоа сигурно не била свесна ниту оваа девојка, која на видеото на кое покажува како изгледа без шминка има повеќе од 18 милиони прегледи и 5 милиони лајкови.

Самата призна дека знае дека изгледа како две различни личности со и без шминка. Таа во своите видеа секогаш има апсолутен глам и шминка како да оди на црвен тепих и затоа сите се изненадија кога ја видоа во природно издание, кое всушност е неприродно за неа. Сега, луѓето буквално ја опсипуваат со комплименти.

@venusturnerr

2 different people

original sound - Venus Turner

Ова е една од најдобрите и најпозитивните трансформации кои ги имаме видено на оваа социјална мрежа. Луѓето не можат да веруваат колку е природно убава и зошто се крие зад толку шминка.

Ова е доказ дека некогаш навистина нема потреба да се става многу шминка, бидејќи некогаш може да не сте свеснси дека во природното издание изгледате многу поубаво.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: