Девојките масовно ја копираат Емили и дома си прават шишки: Фризерите би можеле да имаат полни раце работа корегирајќи ги (ВИДЕО)

Девојките масовно ја копираат Емили и дома си прават шишки: Фризерите би можеле да имаат полни раце работа корегирајќи ги (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Вистинскиот живот не е баш како во сериите, а на нас ни изгледа дека фризерските салони би можеле да имаат полни раце работа...

Во првата епизода од новата сезона од серијата „Emily in Paris“, главната хероина смело ги зима ножите во раце и ги крати своите шишки.

И додека нејзината цимерки ѝ вели „не“, веќе е прекасно, бидејќи Емили веќе го скратила, она што подоцна го нарекуваат „трауматски шишки“.

Тој момент толку ги освои гледачите и обожавателите на серијата ширум светот, што ТикТок е преполн со видеа со хаштагот #traumabangs.

Иако Емили за потребите на улогата навистина ги скрати шишките, тоа не било онака како што е прикажано во серијата, туку зад камерите му се препуштила на вистински професионалец.

Но, многу жени ја ископираа таа сцена до серијата и ги скратиле своите шишки. Резултатите не се баш фантастични, а фризерите ширум светот сигурно ќе имаат полни раце работа, бидејќи ќе мораат да ги корегираат тие шишки.

ТикТокерката и мејкап артистка Зара Мосес успеа да ги скрати своите шишки, откако ја прекинала врската и мжеме да кажеме дека домашниот експеримент кај неа бил успешен.


Ова ѝ успеа и на Тејлор од Луизијана, која е воодушевена од резултатите.


Но, од друга страна имате некој како Ив и Меј, кои на крајот зажалиле за одлуката дома да си ги скратат шишките.

„Понекогаш ми се допаѓа кога го зачинувам животот со лоши одлуки“ - кажа Ив.


Меј има измешани емоции за одлуката да ги скрати шишките. На видеото изгледа дека во секој момент ќе заплаче, а во исто време нервозно се насмевнува и си вели дека не е толку лошо.


фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира:


Кликнете 'Like' и станете наш пријател.
Почекајте 09 секунди.