Дизајнерка од Скопје подарува осум нови фустани за матурантки: „Знам колку сум сакала на тој ден да бидам прекрасна“
Да, сѐ уште има човечност во луѓето. Има такви кои покрај сѐ, сакаат и наоѓаат начин секогаш да помогнат.
Еден таков пример, е младата и амбициозна дизајнерка, Марија Костовска. Таа, сака да израдува осум матурантки со осум нови фустани кои ги дизајнирала сама.
Кога ја прашавме како дошла до идејата да подари осум нејзини фустани, рече дека се сетила на нејзината матурска вечер и така почнало сѐ.
„Искрено знам колку сум сакала и јас и мои другарки на тој ден да бидеме толку прекрасни и убави и затоа заслужуваат и други девојќи кои финансиски не се во можност да не се стискаат и нервираат како и со кои финансии ќе си дозволат убав фустан. Фустаните се нови воопшто не се облечени. Од мојата ревија се. Затоа одлучив да ги подарам на девојки кои навистина заслужуваат да изгледаат како принцези“ - ни рече кратко Марија, додавајќи дека најинтересно од се е што инбоксот ѝ се наполнил од пораки од луѓе кој сакаат да донираат нови фустани.
Ни рече и дека е во контакт со неколку средни училишта па ќе видиме дали ќе успеат да ги најдат осумте „пепелашки“.
Ирена Ставрова