ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Љубомората на еден знак може да го оддалечи од саканата личност
Овен
За време на денешниот ден би можеле да очекувате некои помали проблеми во домот. Партнерот ви влева несигурност. Имате чувство дека вие двајца не можете лесно да најдете заеднички јазик.
Бик
Не е претерано поволен ден кога е во прашање вашиот однос со пријател од училиште, можно е да имате некои нови грижи. Ве очекува интересна средба на љубовно поле. Подготвени сте да се посветите на промени.
Близнаци
Денес може да очекувате успех. Подготвени сте да покажете иницијатива на училиште. Можете да очекувате одлична комуникација со вашиот партнер. Односот си оди на подобро.
Рак
Може да се надевате на позитивен ден. На училиште ќе имате одлични околности. Подготвени сте максимално да се посветите на вашиот партнер. Ситуацијата помеѓу вас е секој ден се подобра.
Лав
Мали потешкотии ве очекуваат денес, но ќе се изборите со тоа сами. Можно е да сте склони кон љубомора и односот со саканата личност од таа причина да ви оди во негативна насока.
Девица
Поволен ден за разговор со вашите родители за предлогот кој го имате подготвено за нив. Саканата личност ви покажува дека е подготвена да вложи повеќе труд и време за да може вашиот однос да опстане.
Вага
Денес може да очекувате мал губиток. Некои планови не се одвиваат така како што ги имате замислено. Можно е да се решите да ја прекинете врската која повеќе не ги исполнува потребите во емотивна смисла.
Шкорпија
Пред вас е многу добар ден во кој ќе имате можност да ги остварите сите ваши планови. Доколку сте слободни, ново познанство може да ви биде од големо значење. Можете да очекувате значајно придвижување на љубовно поле.
Стрелец
Можете да очекувате дека околностите во домот ќе одат во ваш прилог и дека ќе ви донесат причина за радување. Доколку сте во врска, ве очекува период во кој со саканата личност ќе остварите подобар однос.
Јарец
Ве очекува поволен ден за нови проекти. Би можеле да решите и некои стари проблеми. Пред вас е ново познанство со личност која ќе ви делува како да е створена за вас.
Водолија
Не сакате да ги оставите работите да одат по свој тек и склони сте кон форсирање. Поради тоа би можело да се покаете. Задоволни сте од комуникацијата со партнерот и верувате дека ќе успеете уште повеќе да се зближите.
Риби
Помал пад на концентрацијата ве очекува кога е во прашање денешниот ден. Посветете се на што подобро организирање и концентрирање. Желни сте за внимание и љубов. Подготвени сте за почеток на нова врска. Сакате некој со кој ќе делите се.