ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Магичен ден за неколку знаци
Овен
Изненадени сте од прекинувањето на контактот со пријателите. Имавте големи очекувања за вашите односи. Одличен ден за тајна врска или врска на далечина. Официјалните препреки не ве возбудуваат, бидејќи емоциите жестоко ви проработија.
Бик
Постои одреден круг на луѓе кој не ве обожува и се обидува да ве деградира. Многу сте љубоморни, а партнерот тврдоглав. Не се разбирате и доаѓа да прекин на комуникацијата.
Близнаци
Одличен ден за состаноци и договори. Премногу сте посесивни. На партнерот тоа му пречи, но засега се воздржува од коментари. Обидете се да се опуштите.
Рак
Упорно се обидувате да ги истакнете вашите идеи. Очаен ден без оглед на љубовниот статус. Слободните Ракови се депресивни поради самотијата, а зафатените поради разделбата со саканата личност.
Лав
Незадоволни сте од себе. Комуникацијата со партнерот не се одвива како што посакувате. Двајцата сте тврдоглави и не сакате да се прилагодувате.
Девица
Ќе добиете информација од пријател која ќе ви помогне да ги решите проблемите. Осамени сте. Ви недостасува тоа шот немате комуникација, некој со кој би ги поделиле своите стравови и желби.