ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Нови врски за два знаци, а само еден го очекува стара љубов
ОВЕН
Може да очекувате поддршка од пријателите кои се постојано со вас. Ако сте слободни денот е многу поволен за нови љубовни познанства.
БИК
Подготвени сте да бидете повеќе време со пријателите на кои сте им потребни. Ако ви се допаѓа личност која ја познавате преку некој пријател може да дојде до компликации.
БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте било кој да влијае врз вашите одлуки кои треба да ги донесете сами. Можеби посакувате нова љубов и потребно ви е повторно да се чувствувате сакани за да заживеете.
РАК
Не е премногу поволен ден и затоа не се впуштајте во конфликти. Може да очекувате добар однос со партнерот. Имате чувство дека совршено се сложувате.
ЛАВ
Се што ќе замислите денес, ќе ви се исполни. Може да очекувате интересен развој на случувањата со симпатијата. Вашиот однос се менува.
ДЕВИЦА
Нови случувања на полето на пријателство може да ве насочат кон позитивен правец во животот. Ве очекува интересно познанство преку пријатели или на некое јавно место.
ВАГА
Денес потрудете се да се сконцентрирате на себе и да ги игнорирате критиките кои ги упатуваат до вас. Покрај саканата личност чувствувате тензија и некоја несигурност во вашиот однос.
СКОРПИЈА
Решивте да се посветите само себе, сфативте дека само вие си мислите добро. Пријателството со личноста која ви се допаѓа можеби сѐ уште не преминало во врска. Нетрпеливи сте.
СТРЕЛЕЦ
Денес ќе бидете нервозни, затоа повлечете се, бидете малку сами. Спонтано ќе успеете да остварите ново познанство со личност која во вас буди емоции. Пад на имунитетот.
ЈАРЕЦ
Нови информации доаѓаат до вас, а вие внимателно ќе одберете со кој да ги споделите. Ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно добро.
ВОДОЛИЈА
За вас овој ден е поволен и може да очекувате само убави ситуации. Доаѓате до интересно познанство кое многу наскоро може да доведе до нова врска. Полни сте со енергија!
РИБИ
До крајот на денот ве очекуваат пресврти, кои можеби ќе ве остават без спиење. Ви се враќа љубовта од минатото иако можеби не сте подготвени за тоа.