Добила ужасна инфекција: Сѐ ѝ се случило откако се бакнувала со момче со брада (ВИДЕО)
Рајли Крит, млада корисничка на ТикТок, покажа што ѝ се случило откако се бакнувала со момче со брада...
Познатиот дерматолог д-р Шах на социјалните мрежи реагираше на видеото на кое се гледа лицето со осип. Тој ги предупреди жените за опасната инфекција и открил како да ја избегнат.
Д-р Шах како одговор на видеото на Рајли Крит, сними видео во кое објасни што ѝ се случило на младата жена која по бакнувањето со брадесто момче добила црвенило, осип и красти на лицето. Причина за нејзините дерматолошки проблеми било импетигото кое се развило од бактериите од брадата на нејзиниот партнер.
„Брадата има многу бактерии на себе. Кога лицето се трие со брадата, на кожата се осздаваат ситни исеченици, што доведува до инфекции како импетиго“ - вели д-р Шах.
Импетиго е бактериска инфекција предизвикана од стрептококи од групата А и Staphylococcus aureus. Бактериите се безопасни за здрава кожа. Меѓутоа, кога кожата е оштетена, лесно може да дојде до инфекција, која според експертите предизвикува розов осип.
@dermdoctor PSA: clean your beards @Rylee Kriete #dermdoctor #impetigo original sound - DermDoctor Dr. Shah
За правилно да ја негувате вашата брада, користите одредени производи за миење и одржување на вашата брада.
Вреди да се напомене дека импетиго се јавува поради недоволно миење на рацете и телото, занемарување на чистењето на лицето.
фото: Принтскрин / Инстаграм