Доколку ја носиш оваа боја на облека - ќе оставиш подобар впечаток, но ќе изгледаш и попаметно и попривлечно

Доколку ја носиш оваа боја на облека - ќе оставиш подобар впечаток, но ќе изгледаш и попаметно и попривлечно

Објавена во: Мода // Moj стил

Знаеме која боја отсега ќе се носи постојано...

Која боја преовладува во твојот плакар? Шарени бои, црна, бела или некоја сосема поразлични? Но, само една боја се препорачува што е можно почесто да се наоѓа во комбинациите, бидејќи наводно носи многу позитивни работи.

На сите ни е добро познато дека црната боја визуелно не намалува и во неа изгледаме послаби. Како овие причини да не беа доволни да го исполниме плакарот со црни парчиња, сега изгледа дека има уште. Секако дека сите сакаме да изгледаме што поубаво во облеката што ја носиме. Затоа внимателно бираме што ќе купиме, во гардеробите на продавниците пробуваме многу парчиња облека, а изглегуваме со само едно парче. А, облеката во која боја е најдобра? Црна! Едно истражување кое е направено на 1000 луѓе за тоа какви асоцијации им паѓаат на памет кога се во прашање различните бои на облека, покажа интересни работи. Со црната облека испитаниците ги поврзаа следните работи: дека во нив луѓето изгледаат посамоуверено, попривлечно и попаметно.

Истражувањето го спроведе еден снабдувач од Велика Британија, Buytshirtsonline. Мислењата на луѓето се добиени така што им се покажувале фотографии од мажи и жени, а единствена работа која се менувала на фотографиите била бојата на маичката која ја носеле. Секоја фотографија требало да ја оценат и да одберат кои придавки ќе и ги препишат. Црната се покажала како боја на облека со која се спојуваат позитивни работи. Спротивно од тоа, розевата боја на облека е онаа која имала најмногу негативни коментари. Само 5% од испитаниците кажале дека интелигентните луѓе носат розево.

Освен тоа што со црната боја ја поврзувале интелигенцијата, се сложиле и дека тоа е боја која треба да се носи доколку сакаш да импресионираш некој. Повеќе од половина од жените истакнале дека тоа им е најатрактивна боја кај момците.

Од друга страна, освен што розевата се смета за која која ја носат помалку интелигентните, уште една боја со која се поврзува негативноста е жолтата. Луѓето во жолто не делуваат како да имаат самодоверба, не изгледаат привлечно, а не делуваат ниту интелигентно.

Најсекси бои кои ги доживуваат кај другите се црната и црвената. Накратко црната е најголем победник, бидејќи за ниту една друга боја не се поврзале толку позитивни карактеристики како за неа.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: