Не им придавам значење на наградите: Интервју со шахистката Бојана Бејатовиќ

Не им придавам значење на наградите: Интервју со шахистката Бојана Бејатовиќ

Таа е млада, надежна и перспективна личност. Шахистката Бојана Бејатовиќ зад себе има многу награди и признанија, но истите не се некоја голема сатисфакција за неа. За Хаштаг отворено проговори за нејзините почетоците кога е шахот во прашње, колку истиот е поддржан во нашата држава, но и сподели интересни работи за сите оние кои се двоумат за да започнат да се занимаваат со овој спорт.

# Што е она што те поттикна да се заниваш со овој спорт?

Потекнувам од прилично спортска фамилија - татко ми е поранешен кошаркар, мајка ми поранешна гимнастичарка. И покрај тоа што сум спортски тип, најпрво почнав со шахот, со дедо ми. Потоа (иако краток период) тренирав пливање, кошарка, јога, но љубовта кон шахот ми остана и покрај тоа што обврските ми се зголемуваа.

На 4 години започнав да играм во кругот на фамилијата, од 9 почнав да тренинрам.

Беше мал шок за татко ми, кој поради тоа што сум левак, сакаше да ја искористи таа предност во кошарката, но благодарна сум што беше (и сѐ уште е) со отворен ум и што ме поддржа во мојата желба за овој спорт.

Околу поттикот за овој спорт, отсекогаш сум чувствувала некоја подлабока поврзаност со шахот and that keeps me moving forward.

#Кој ти ја пренесе љубовта кон шахот?

Дедо ми и вториот тренер.

Доколку користиме малку имагинација и визуелизација, дедо ми ми ја покажа вратата, вториот тренер ми ги отвори портите, покажувајќи ми ги скалилата и предностите кои следат од шахот.

Кога ќе прашаме било кој човек кој не се бави со шах, ќе добиеме одговор „ах, тоа е многу тешка и сложена игра, треба многу живци и трпение...“. Оние кои се занимаваат и кои се навлезени во шахот, го прифаќаат кажаното, но со различна перспектива, во смисла we become what we practice.

Стануваме добри во она што го практикуваме, затоа be careful what you practice, може да станеш добар во погрешна работа.

#Кој е твојот став за овој спорт во Македонија? Дали имате поддршка од државата?

Разбирам дека е неопходно прашање за секое интервју, но let me put it this way- if you don't go after what you want, you'll never have it.

Минимална поддршка од државата беше стипендијата „Спортска надеж" до пред 5 години, но тој месечен надоместок опфаќа само третина од вредноста на месечен тренинг, а сите останати трошоци, патувања, настапи и турнири се way out of that league. Па така, единствената поддршка ми се родителите.

Годинава влегов во ШК БМ Кисела Вода, кои ми покрија еден (индивидуален) турнир и македонска прва лига.

#Колку време професионално се занимаваш со шахот?

Почнувајќи од 9 години, сѐ на сѐ, би рекла 15 години.
Но, би одзела 8 години поради тоа што во периодот од 2010 до оваа година не тренирав доволно сериозно, 1-2 пати неделно по 2-3 часа, што е голем минус (индивидуално гледано, со оглед на тоа што овој спорт е индивидуален, бара посветеност и работа on your own).
Во тој период се фокусирав на формалната едукација и на self-education (кадешто повторно би изразила благодарност до вториот тренер кој ми помогна да осознаам други аспекти и полиња, не само шахот, што резултираше со личноста којашто сум сега).

Пишував кратки раскази, цртав, спортував, започнав да пишувам и книга, читав многу, читав сѐ... Сакајќи да постигнам сѐ, се изгубив себеси. Но добро, in order to find yourself you must lose yourself first, така да, и покрај тоа што жалам за сето изгубено време, I'm back on track, но со поголема awareness.

Work on yourself, because what you give is what you get.

#По колку часа на ден посветуваш во вежбање?

Зависи и од други обврски. Некогаш воопшто, некогаш по 2 - 4 часа, некогаш знам да заглавам и по 12 часа.

Workaholic сум, па тоа си има негативни ефекти од социјален аспект.

# Имаш освоено многу награди и признанија, но можеш ли да издвоиш една како најзначајна?

Не им придавам многу значење и вредност на тие работи. Краткотрајни се. Ги добиваш, ги ставаш на полица (можеби, ако сакаш да се пофалиш, ќе ги наведеш во CV или некаде кадешто сметаш дека треба) и тоа е тоа. Потоа мораш да продолжиш со работа. Повеќе ми значат чувствата и моментот на споделување на таа среќа со најблиските.

Би го издвоила освоеното прво место во Марибор, Словенија, во 2009, на екипно првенство, кадешто направив 100% резултат на прва табла, 9 поени од 9 партии. Тоа ми беше quite normal тогаш, бев во добра форма, како резултат на претходната hard work, но она што го запамтив тогаш беа коментарите од словенските тренери “kako igra mala, kao da vuče karte, razbija".

Но искрено, најмногу го ценам моментот кога се вратив од Мурек, Австрија, 2006 год. со освоено второ место во категорија до 12 години, кога татко ми и мајка ми ме пречекаа на железничка станица.И покрај тоа што беше второ место, пехарот беше огромен, а изгледа последната сцена од „The Karate Kid (2010)“ најдобро ја опишува реакцијата (најверојатно) на сите мајки.Радоста што ја видов кај нив ми е all time fave.

#Го учиш правото. Која е поврзаноста помеѓу овие две работи?

Шахот има поврзаност со сѐ. Има удел во секој сегмент од животот затоа што значајно влијае врз начинот на размислување и процесот на донесување одлуки. Влијае на начинот на којшто човекот размислува, се развива и поттикнува креативноста како и логичкото размислување , се создава систем на брза одлучност и определување на степенот на важност на самите работи со помош на системот на елиминација, концентрација и фокусирање на конкретните работи на кои е потребно да се посвети моменталното внимание. Секогаш го објаснувам како длабока интелигенција и божествена креација, употребувајќи го Шенонскиот број.Постојат многу повеќе варијанти и комбинации во шахот отколку атоми во опсервирачкиот Универзум. Проценето е дека во шахот има измеѓу 10^111 и 10^123. За споредба, бројот на атоми во опсервирачкиот Универзум е проценет на 10^80.

Право како право, систем на детално регулирана материја од нормирани перцепции на луѓето.
Бев многу оптимистична кога почнував со студиите, а никогаш нема да го заборавам првиот час (верувам многу колеги ќе се пронајдат тука) по „Вовед во правото“ кај проф.д-р Тасковска кога ни постави прашање „Што претставува правото за Вас“? Имаше разноразни одговори. Јас одговорив со „манипулација“. Манипулација или игра со зборови, аспекти, перспективи, перцепции, дупки во закон, регулирана/нерегулирана материја, дуализам на вредности (она што треба) и стварности (она што е), со или без common sense.

Legum servi sumus ut liberi esse possimus (we are slaves of the law so that we may be able to be free) says it all . Не се пронајдов таму.

Сега сум насочена кон neuroscience и мотивациони говори. Veritas odit moras (truth hates delay) па така, подготвувам предавања за будење на колективната свест на луѓето.

#Што би им порачала на сите млади луѓе кои се двоумат дали за започнат професионално да се заниваат со шахот?

Имам две универзални препораки за сите, не само за младите во шахот - Don'waste time! и Aude sapere (Dare to know!).

Што и да сакаш да постигнеш, каква и да имаш идеја, не чекај. Sometimes later becomes never.
Но, trust me, било што и да започнеш, Марфи ти доаѓа на посета со сите негови закони. Тоа нека не те обесхрабрува. Прифати го како piece of the puzzle.

Постојат подеми и падови во секој сегмент, секој дел од животот. Единствена разлика е како човекот реагира на таквите работи -дали го мотивираат или го откажуваат. Фокусирај се на можните алтернативи за решавање на проблемите и прати го процесот на усовршување. Долг е патот кон шаховскиот (и било кој друг) врв. Но сепак, времето како мерлива единица за означување на континуитет или дисконтинуитет на движење по одредена линија е релативна работа. Како што се вели - „Некогаш се потребни 10 години за да дојдеме до таа една година која ќе ни го промени животот“.

Само е потребен континуиран процес на себеусовршување, успехот на тој начин е неизоставен.

Секогаш користете ги 5(6)w1h прашањата, (origin - Quis, quid, ubi, quibus auxiliis, cur, quomodo, quando? или Who, what, where, with what, why, how and when? ) при поставувањето на приоритети и никогаш не се откажувајте од себеси и своите соништа.Препреките секогаш ќе се појавуваат, но она што е битно да не падне духот во човекот.

Така да, be bold. But remember, be kind too. При остварување на своите цели, немојте да ги повредувате другите. Напротив, помогнете им доколку можете. Blowing out someone else's candle won't make yours shine any brighter. Нема потреба од компликации и драми, едноставно животот е премногу краток.Емпатијата е есенцијална вредност и е highest form of knowledge.
Кога би можеле луѓето да го разберат тоа, би добиле цивилизација.

#Каде се гледаш за 10 години?

Како тргнал Илон Маск, на некоја друга планета.

#Кој хаштаг најчесто го користиш?

Кхм-кхм, не користам хаштази.


Ивана Мисајловска

Можеби ќе ве интересира: