Долго време не сме виделе волку храбра промена: Кортни Кардашијан стана платинеста русокоса (ФОТО)

Долго време не сме виделе волку храбра промена: Кортни Кардашијан стана платинеста русокоса (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Кортни објави фотографии од тинејџерските денови, поточно од времето кога последен пат имала ваква фризура...

Најстарата сестра Кардашијан ги изненади своите обожаватели со досега најголема трансформација на коса.

Кортни сме навикнати да ја гледаме како бринета. Можно е и таа да сака да ја провери онаа теорија за тоа дали русокосите подобро се забавуваат, бидејќи на Инстаграм ја покажа својата платинесто руса боја на коса.

Реакциите на обожавателите се различни, од оние кои пишуваат дека оваа промена е прекрасна, до оние кои жалат за нејзината стара фризура.

Со должината и стилот на боб фризура, потсетува на Хејли Бибер. Со кратењето на својата долга коса, дефинитивно им се придружи на голем број ѕвезди од А-листата како Џена Ортега, Зендаја и Лили Џејмс, кои исто така ги скратија своите коси.

Оваа фризура е инспирирана од 90-тите. Изгледа дека 43-годишната Кардашијанка била инспирирана од трендовите од тоа време, по кои генерацијата „Зет“ сосема полуде. Сѐ што се носело во 90-тите години повторно се враќа на големата врата и воедно е ИН.

Сепак, ова не е првпат Кортни да биде русокоса. Имено, таа во тинејџерските денови во 90-тите, исто така била русокоса. На нејзиниот профил на Инстаграм, со рамките на стори објави неколку фотографии од тие денови.

Исто како и тогаш, подеднакво добро ѝ стои и русата боја на коса.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: