Домаќинот Полска ја однесе победата: Македонија 6 - та на Јуниорската Евровизија
17 - тата по ред Јунироска Евровизија започна и заврши спектакуларно како што му доликува на еден музички настан од светски размери. Настапите на сите 19 земји учеснички изобилуваа со неверојатни сценски ефекти, но и самите деца се имаа многу потрудено достоинствено да ја претстават својата земја.
Нашата претставничка Мила Москов настапи под редниот број 4, застана сама на сцена и покрај видната трема, „Fire“ ја донесе на еден беспрекорен начин. Буквално ѝ покажа на Европа како се пее во Македонија. Повредата која ја имаше остана заборавена, а резултатот го потврдува тоа.
Имено, Македонија настапува 15 - ти пат по ред на овој музички настап. Оваа година од стручно жири на секоја држава освоивме 100 поени, а од публиката освоивме 50 и со вкупно 150 поени го освоивме шестото место.
Победата ја однесе домаќинот - Полска. 12 - годишната Вики Габор ја зема победничкиот пехар во раце. Нејзината „Superhero“ и ја донесе оваа победа, а секако гласот на публиката беше пресуден за оваа победа.