Домашна задача што ги збуни родителите: Оваа задача по математика за второ одделение, повеќето возрасни не знаат да ја решат (ФОТО)
Домашна задача по математика предизвика дебата на Твитер...
Училишната година започна, а родителите веќе ги боли глава. Еден Игор на својот Твитер профил сподели една задача по математика, за второ одделение, ккао што тврди.
Тогаш настана хаос, коментарите само се редеа, а поголемиот број корисници не го знаеја решението на задачата.
„Ајде математичари. Ова е второ одделение. Би сакал да го видам тој експерт кој ваквата задача ја предвидел за второ одделение“ - напиша тој на Твитер и ја сподели задачата.
Ajmo matematičari. Ovo je drugi razred.
— Igor Ж. (@Igor_975) October 16, 2022
Vileo bih da vidim tog stručnjaka koji je ovakav zadatak predvideo za drugi razred. pic.twitter.com/U9m672tvy8
Родителите почнаа со решавање на математичкиот проблем, а некои се жалеа дека не знаат на своето дете да му помогнат, бидејќи задачите се претешки и за нив, а не за едно дете.
„Ужас. И мојата е второ одделение, сега вујко ѝ се мачи заедно со неа“, „Пријателите (двајцата инженери) имаат син, кој, кога беше четврто одделение, не знаеше да го напише домашното по математика, па отиде на училиште без домашно и доби единица. Тие поднесоа барање до директорот на училиштето, а тој им кажа: Знаете, јас сум географичар. Таткото на тоа му вратил: Добро, но сте завршиле 6-то одделение од основно училиште“ - се само дел од коментарите.
Како вашите родители се снаоѓаат ваквите ситуации? Дали и тие имаат препреки кога ви помагаат во пишувањето на домашните задачи?
фото: Принтскрин / Твитер