Драстична транформација пред Нова година: Бела Хадид стана русокоса и се пофали со својата „Aspen blonde“ нијанса (ФОТО)
Бела Хадид сега е русокоса во склоп со претстојните трендови, кога се боите за коса во прашање...
Бела Хадид пред празниците стана русокоса. Манекенката довербата за последната трансформација во 2022 година им ја довери на фризерката Џесика Гилин и колористката Џена Пери. Така, таа ја замени препознатливата темна коса со бежова нијанса на руса, која е во склоп на претстојните трендови, кога се боите за коса во прашање. Најбарата манекенка на светот со оваа трансформација се пофали на социјалните мрежи.
„Веќе некое време размислуваме за посветла нијанса, но ова беше момент да видиме колку далеку можеме да отидеме“ - кажа Пери, која темната коса на Хадид ја избланширала пред да дојде до финалната боја.
„Оваа нијанса ја нарекуваме „Baby Bella“ или „Aspen Blonde“. Изгледа невино и природно“ - додаде колористката.
Во новата година, професионалните превидуваат дека оваа боја би можела да биде помеѓу нијансите кои ќе преовладуваат во 2023 година. Впрочем, кофа стнаува збор за поставувањето на трендови, никој не може да им парира на сестрите Хадид.