ДУПЕР: Да немаме интернет би правеле музика, би пиеле кисела вода, би играле со хеки...

ДУПЕР: Да немаме интернет би правеле музика, би пиеле кисела вода, би играле со хеки...

Објавена во: Stars // Интервјуа

Мартина, Борис и Илчо се дечките што успеаја да направат хит кој буквално цело лето беше пуштан на рипит. Песната Не сум твој тип за кусо време ги преплави социјалните мрежи и стана рингтон на многу телефони.  Нѐ заразија со уште еден хит - Тело за на ТВ ,а деновиве се актуелни и со песната со многу оригинален видеозапис Ние сме 2. И колку и да звучи како клише фраза - ДУПЕР се навистина СУПЕР! Eве ги и на Hashtag.mk ...

# Кој го слисли името ДУПЕР?

Не памтиме, беше спонтано после долго време размислување и нафрлање на идеи.

#  Кој ги пишува текстовите за вашите песни?

ДУПЕР.

#Приказната од Не сум твој тип продолжи со Тело за на ТВ.  Дали и следната песна ќе биде поврзана со оваа приказна?

Да.

# Прашањето кое веројатно досега ви го поставиле 1245 пати - кој не е ваш тип?

Секој на кого ние не сме му тип.

# Какво тело треба да се има за на телевизија?

90-60-90.

# Кој го учеше Бориc да денса онака мангупски?

Инстинктот е во прашање.

# По објавувањето на песната Имаш тело за на телевизија, имаше кометар од типот -Имаш песна за на Евровизија, па би настапиле ли на Евровизија?

Не би настапиле.

# Како реагирате кога по град ќе слушнете дека на некој ми ѕвони телефонот со Не сум твој тип ?

Препозитивно и збунето во исто време (потајно би почнале да денсаме).

# Што следно да очекуваме од вас?

Многу нова музика.

#Најлуд коментар што сте го добиле од некој обожавател?

Дека ќе ни ја женат Мартина.

# Најкористен хаштаг?

#duper

# Омилена песна?

Поделени се мислењата. Не можевме да дојдеме до консензус.

# Позната личност што би сакале да ја запознете?

Не ни паѓа на ум ниту една личност.

# Кој ви е омилен цртан од детството?

Том и Џери, Пат и Мат, Lion King

# Што би правеле ако немате Интернет?

Би правеле музика, би пиеле кисела вода, би играле со хеки...

#Место кое најмногу сакате да го посетите?

Веројатно сите би се сложиле за некое место во природа.

# Неостварена желба?

Да имаме солидна музичка опрема за на проба.

# Сакаме да бидеме предгрупа на:

Не би сакале да сме предгрупа, туку да свириме заедно.


Б.М.            Photo credits:Томи Акимовски


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: