Двегодишната ќерка ја облекува како жена: Ѝ става скап накит, а дизајнерските чанти се задолжителни (ВИДЕО)
Плакарот на девојчето е преполн со облека од дизајнерски продавници како Шанел и Диор, а многу луѓе ги загрижува начинот на кој мајката го претставува детето.
Мајка, која на ТикТок објавува видеа под името „@queen_kye18“, редовно споделува видеа од својата ќерка која е облечена во облека за возрасни, а сево ова го следат дури 1,3 милиони корисници на оваа платформа. Иако помеѓу нив има такви на кои им се допаѓа гламурозниот стил на девојчето, поголем е бројот на оние кои со негодување ги коментираат видеата, со оглед на тоа што овие објави се граничат со злоставување на децата.
Плакарот на девојчето е полн со облека од дизајнерски продавници како што се Шанел и Диор, а многу луѓе се загрижени за начинот на кој мајката го претставува своето дете, бидејќи во модните комбинации често има облека од кожа, кратки маици, тесни фустани, а детето на себе често има модни додатоци, како огромен накит или проѕирни мрежести чорапи со дезен.
„Не би требало така да ја облекуваш, девојчето не би требало да носи кратки маици“ - гласи еден од коментарите, на кој мајката брзо одговори: „Тоа што своето бебе го облекувам модерно не значи дека не ѝ дозволувам да биде дете. Таа си игра и се однесува како бебе“.
Во некои од своите одговори на ваквите коментари, мајката имаше напишано: „Кога ќе сфатите дека облеката не ве прави луѓе. Таа е слатко и добро воспитано дете“, како и „Ако не ти се допаѓа нејзината облека, немој да ме следиш и да ме мразиш“.
Има и такви корисници кои се согласија дека мајката не прави ништо лошо, па јавно ја поддржаа, тврдејќи дека мајката и ќерката само си „играат мода“.
„Игнорирајте ги хејтерите. Тие само се љубоморни бидејќи не можат толку убаво да ги облекуваат своите деца“ - напиша еден од поддржувачите на оваа мајка.
фото: Принтскрин / ТикТок