Двојната олимписка шампионка падна под ударите на нашата двојно помлада Милјана
Таеквондиската Милјана Рељиќ која ги брани боите на Македонија на Летните олимписки игри, попладнево имаше спектакуларно издание на ЛОИ.
Рељиќ како ривалка на теренот во осминафиналната фаза на женскиот турнир до 57 килограми ја имаше двократната олимписка шампионка Џејд Џонс.
Милјана не само што и парираше, туку успеа и да ја победи 10-години поискусната Британка.
Македонката се пласираше во четвртфиналето, а како нејзина противничка ќе биде Летитија Аун од Либан.
Фото: МОК